Што ја урна цената на биткоинот?
Се намали вредност на биткоинот, кој за едно деноноќие има пад од скоро 4 проценти.
Биткоинот сега се тргува на размена по цена од околу 49.100 долари, иако се очекуваше цената да биде над 51.000 долари.
Криптовалутата се урна во четвртокот, кога изгуби дури 17 отсто од својата вредност по твитот на Илон Маск. Сопственикот на „Тесла“ и самопрогласениот „техно крал“ тогаш на Твитер објави дека неговата компанија престанала да прифаќа биткоин за набавка на своите возила. Тоа го сториле од еколошки причини.
Инвеститорите во криптовалути треба да бидат подготвени да ги изгубат сите свои пари.Оваа информација зборува многу за нестабилноста на криптовалутите и ризикот од такви инвестиции, но од друга страна, оваа форма на инвестиции може да донесе високи приноси на многумина, особено на раните инвеститори.
