МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Антикорупциска собира податоци за набавката на кинеските вакцини

На денешниот колегиум на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е донесена одлука да се соберат податоци за набавката со кинеските вакцини против ковид-19 и доколку има елементи да се отвори предмет.

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, за Радио Слободна Европа, вели дека за овој случај треба да се вклучат и други органи како Јавното обвинителство.

„Ние се договоривме да собереме доволно информации да ги разгледаме околностите и потоа ќе одлучиме како ќе постапуваме понатаму во зависност од тоа што ќе добиеме како информација“,

Претходно, Ивановска рече дека се изненадени од тоа дека постоен неорганизиран процес на набавка на вакцините и дека ризикот за корупција доаѓа од високо ниво.

„Се набавува од приватни фирми. Можеби најдобри биле намерите, но се нарушува довербата на граѓаните во институциите. Има работа и за Антикорупциска, но и за Обвинителството“,

Италијанскиот весник „Ла верита“ два дена по ред објавува информрации и документ поврзани со набавката на кинеските вакцини. Весникот тврди дека причината за враќање на авансот е што зделката требало да се одвива преку фантом-фирма со седиште во Хонгконг, а тоа оставило сомнеж кај официјален Пекинг што, пак, довело до поништување на процедурата.

Премиерот Зоран Заев, рече дека една од фирмите преку која се обиделе да ја направат нарачката била фирмата мајка на компанијата „Синохидро“, која е ангажирана во земјава за изградба на патишта.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial