МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Мицкоски патува на средби со Јанша и со Орбан

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие средби се мошне важни за деблокада на земјава кон ЕУ, затоа што еврокомесарот Вархеји е од партијата на унгарскиот премиер, додека Словенија е идната земја која ќе го преземе претседавањето со Унијата

Средби со премиерите на Унгарија и на Словенија Виктор Орбан и Јанез Јанша се најдоа во агендата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој од утре, како што соопштија од партијата, тргнува во посета на негови колеги од Европската народна партија во неколку земји.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Мицкоски, како и партискиот потпретседател Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и Европа во рамките на пријателските односи со повеќе сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на ЕПП.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ посебно се посочуваат средбите со Орбан и со Јанша.

„Претседателот Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Фидес, а воедно и премиер на Унгарија. Виктор Орбан. Тоа е партијата од која потекнува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Потоа ќе оствари средба во Љубљана и со премиерот на Словенија и претседател на Словенечката демократска партија Јанез Јанша. Ова е особено значајно за европските интеграции ако се знае дека Словенија е идната земја која ќе го преземе претседавањето со ЕУ“,

се наведува во партиското соопштение.

„Средбите ќе бидат искористени за активно лобирање за државните интереси на Македонија, пред се, за одблокирање на патот кон Европската Унија, кој е блокиран со ветото од источниот сосед и застојот кој го има земјава во однос на реформите. Средбите ќе бидат насочени и кон градење мостови на регионална соработка на ВМРО-ДПМНЕ, како и разгледување на можностите за идна економска соработка и отворање можности за привлекување инвестиции и размена на знаења, со цел економско зајакнување на земјава во периодот на силната економска криза и рецесија“,се наведува во соопштението.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial