МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

45 000 работници не зеле плата за февруари и март

Скоро 45 илјади вработени за февруари и март останале без плати. За дел работодавците поднеле обрасци за пресметка на плата која што не ја исплатиле, а за дел до УЈП воопшто не биле поднесени соодветните документи за пресметка на плата.

Од Организација на работодавачи велат дека не се работи за големи компании, се работи за мали компании, и дека дел од нив немаат ни три години од основањето и имаат финансиски проблеми во работењето. 70 посто од тие компании пропаѓаат во првите 3 години бидејќи најчесто не можат да исплатата плати на работниците.

„Единствено што може да с енаправи, вработените да не чекаат со месеци тоа да се случува, туку веднаш по истекот на 3 месеци да покренат стечајна постапка за да си ги заштитат своите побарувања затоа што во такви случаи кога компанијата веќе 3 месеци неможе да даде плата таа компанија најверојатно тешко има шанси да опстане на пазарот, да с ебори со конкуренцијата, и ќе оди во стечлај. Но секој подоцнежен стечај значи нови неплатени обврски.“ – вели Димитров, од Организација на работодавачи.

Од ССМ велат дека вработените мора да сфатат дека работодавачите се толку моќни колку што тие ќе им дозволат, доколку тие стант и се побунат нема да имаат вакви ситуации и нема да останат без плата еден, два или повеќе месеци.

„За жал дури и во одреден период во текот на годината најчесто во првото тромесечие се случуваат вакви киксови на работодавачите кога ги оставаат работниците без никаква егзистенција, ако имаме во предвид дека ниту една минимална плата, ниту две минимални и просечна плата стигнуваат за преживување во текот на месецот. Тоа што треба работниците д аго направат е да се здружат во синдикат, ние во изминатиот период покажавме дека само здружено можеме да ги заштитиме. Ова го говорам од причина што ваков пример имавме минатата недела кога вработените од „Бетон“ поради 8 неисплатени плати покренаа предлог за престанок на работодавачот кој единствено само преку синдикатот моат да го направат и на таков начин успеаа да наплатат дел од паричните побарувања за неисплатени плати а останатите ќе бидат намирени од стечајната постапка.“ – вели Слободан Трендафилов од ССМ.

Во февруари обрасци за пресметка на плата не доставиле 5.136 работодавци за 7.565 вработени лица, а во март 5.716 работодавци за 11.612 вработени лица.

Во лепезата на фирмите, односно газдите, кои ги оставиле своите вработени без приходи ги има речиси од сите сектори, а дел од нив се повторуваат.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial