Нова страница за информации

300 илјади евра и две мали канцеларии: Еве со што располага министерката Нина Ангеловска

Државната комисија за спречување на корупција го објави Анкетниот лист на министерката за финансии, Нина Ангеловска.

30-годишната Ангеловска која е првата жена министер за финансии на Македонија, пријавила лични депозити од 300 илјади евра во две банки.

Ко-основачката на “Grouper.mk” која во Владата пристигна од приватниот сектор, во „Еуростандард“ банка има 200.000 евра денарски депозит од 2014-та и 51,2 илјади евра девизен депозит во истата банка од 2017-та година. Во „УНИ Банка“ има девизен депозит од 33 илјади евра од 2015-та, а пријавени се и други помали девизни и денарски сметки.

Кога станува збор за недвижнините, новата министерка за финансии пријавила деловен простор од само 16 метри квадратни, односно еден од 5 и другиот од 11 чија што вредност се проценува на 4 милиони денари.

Ангеловска пријавила акции од речиси 1,6 милиони денари стекнати во 2012-та година. Има еднотретински удел од 200.000 денари од 2011-та и затворен удел во 2017-та година од речиси 4 милиони денари. Во 2019/2020 очекува приходи од дивиденда, камати и продажба на удели.

Кога станува збор за нејзините примања како министерка за финансии, податоците на новите функционери сѐ уште не се ажурирани од владата, па така стои платата на нејзиниот претходник Драган Тевдовски во висина од 70 илјади денари.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial