МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Шахпаска: На работа нема да одат родителите на деца од претшколска, а не и од школска возраст

Во моментов на сила е одлуката за ослободување од работа на родители на деца до 6-годишна возраст или претшколски деца. Родителите на деца од 6 до 10 години, кои претходно, исто така, беа ослободени се вратени на работа по 8 јули кога беше донесена новата одлука.

„Сѐ уште нема никакви измени во мерките кои ги препорача Владата, што значи хронично болните лица, мајки на породилно боледување и мајките на деца од 0 до 6 години се под мерката за неодење на работа. Согласно владината уредба од 8 јули родители на деца меѓу 6 и 10 години – школски деца тие беа вратени на работните места. Само родители на деца до шест години, од претшколска возраст, се во домовите да се грижат за своите деца. За тоа како натаму ќе се одвива динамиката и кои одлуки ќе се носат ќе се договара меѓуресорски, во договор на МТСП и МОН, при што секако последниот збор ќе го има Министерството за здравство“, истакна министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска.

Таа на денешната прес-конференција пред министерството, истакна дека од градинките имаат информации дека согласно протоколите пред пандемијата во нив биле згрижени 29 илјади деца. Протоколот, рече, дозволува 19 илјади да одат во градинка во овие услови, а интерес за сместување, согласно приоритетите предност да имаат деца на самохрани родители или на двајца вработени кои не можат да извршуваат работа од дома, покажале родители на 14.555 деца.

Шахпаска истакна дека нема податок за екстремен недостиг на места, но оти Владата им препорачала на општините да обезбедат дополнителен алтернативен простор за сместување, но и дополнителен кадар ако е потребно.

Министерката истакна дека согласно протоколот единствена потврда за детето е потврда од матичен педијатар дека детето е во добра здравствена состојба и оти никакви брисеви и дополнителни документи не се потребни.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial