Учениците од “ООУ Климент Охридски” во посета на Општина Бутел
Денеска Општина Бутел беше домаќин на основниците од “ООУ Климент Охридски”, информираат од општината.
Учениците можеа одблиску да се запознаат со функционирањето и ингеренциите на градоначалникот и општината.

Ги запознавме со нашите секојдневни обврски, проекти, како и грижата за нашите граѓани. На оваа наша средба разговаравме и за потребите и желбите на основците и се заложивме заедно да ги исполниме. Најмладите се наш партнер и грижата за нив ќе биде секогаш на прво место, изјави градоначалникот Костовски.
Ве молиме следете не и стиснете лајк:
