МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Салиху: Културата на отворено е тренд на зелените покриви во центарот на Скопје

Во колумната „Скопје, од култура до “скулптура” и назад“, објавена во „Слободен Печат“, портпаролот на град Скопје Ваљон Салиху се осврнува на позитивните коментари во весниците за музичката магија на „Филхармонија, „Архангел“ и Емин Џијан, најавувајќи нов концерт на отворено во септември: „Уште поубаво е чувството кога на градот му се оддава признание дека „концертите кои Град Скопје секое лето ги организира со Филхармонија во Градскиот парк, насловени „Филхармонија на отворено“, се вистинско доживување за публиката“… Годинава, „Филхармонија на отворено“ имаше концерт во дворот на Министерството за култура (промоција на нова летна сцена во срцето на Дебар Маало), а покрај легендарниот концерт со Архангел, во соработка со Град Скопје се планира уште еден концерт на отворено во Градскиот парк во септември.“Салиху потсетува дека одлично посетувани културни настани на отворени сцени имаше и пред падемијата, истакнувајќи дека културата на отворено станува тренд на зелените покриви во Скопје: „Културата на отворено годинава е тренд на зелените покриви во центарот на Скопје, кои станаа дестинација за голем број различни културни настани – музички програми, кино на отворени, диџеј-сетови, „Театарски викенди на отворено“ итн. Богатата културна програма на зелените покриви во центарот на градот продолжува, а скопјани имаат можност безбедно да уживаат во квалитетни културни содржини во овие нови урбани оази.“

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial