Прочка традиционално се прослави во Љубанци

Продолжува традицијата за оддржување на карневалот во населеното место Љубанци во Општина Бутел. По повод големиот христијански празник и оваа година под маски се прослави Прочка.
“Општина Бутел финансиски го поддржа карневалот и во иднина дополнително ќе вложува во автентичните настани, кои се обележје на општината”, информираше градоначалникот Дарко Костовски.
На оваа територија карневалот за Прочка има вековна традиција, а потекнува од паганскиот период. Жителите на Љубанци успеале да го одржат во различни облици, со многубројни обичаи, зачувувајќи ја притоа автентичноста.
Ве молиме следете не и стиснете лајк:
