МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Од 800 до 10.000 евра казни за производителите ако не ги намалат цените

Од 800 до 10 илјади евра ќе плаќаат фирмите кои нема да ги намалат цените на млечните производи и тестенините.

Од Државниот пазараен испекторат најавуваат засилени контроли од четврток, кога се замрзнуваат цените на овие производи. Изминатава недела Пазарна направила 300 контроли и за непочитување на ограничената маржа, ги казнила трговците со скоро 50 илјади евра. Од нив, 65 се трговци кои не ја почитувале владината одлука да продаваат леб по цена од 33 денари. Тие ќе платат казна од 15 и пол илјади евра.

Владата вчера донесе одлука од 16-ти март да се замрзнат цените на тестенините и млечните производи. Но граѓаните – скептици – не веруваат дека ќе дојде до значително поевтинување. Цените на основните производи секојдневно растеле, животот им станал прескап, така што најавеното намалување за 10 отсто, нема значително да им го подобри семејниот буџет.

Од СДСМ пак задоволни, владата правела се за да го зачува стандардот на граѓаните.

„Во период на справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза, не дозволуваме никој да биде оставен сам, ниту пак некој да профитира врз грбот на граѓаните. Продолжуваме да се грижиме за стандардот на сите граѓани, изјави Дарко Каевски, СДСМ.

Мерките се задоцнети, смета ВМРО-ДПМНЕ. Во време кога инфлацијата е висока, а народот станува се посиромашен, владините мерки се конфузни и придонесуваат до незадоволство и кај граѓаните и кај компаниите. Замрзнувањето на цените на одредени продукти е од времен карактер, од нецели 3 месеци и не е систем кој ќе функционира на долг рок. По одмрзнување, сметаат од опозциската партија, повторно ќе има ценовен шок кој ќе биде на грбот на граѓаните.

Инаку мерката замрзнате цени ќе се применува до 31-ви мај.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial