МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Нови мерки: Полициски час од полноќ, се отвораат фитнес центрите и теретаните

Поради стабилизирање на епидемиолошката состојба, министерот за здравство Венко Филипче најавува олабавување на мерките за Ковид-19.

Поради стабилизирање на епидемиолошката состојба со Ковид-19 во земјата, Комисијата за разни болести предлага намалување на рестриктивните мерки во Северна Македонија. Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека го Главниот кооординативен кризен штаб предложил полицискиот час да трае од полноќ до пет наутро, кафеаните на отворено да работат до 23.30 часот, како и да се отворат фитнес центрите и теретаните.

Со новите мерки ќе се доволи и организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно со присуство на 30 % од целосниот капацитет. Капацитетот на градинките се зголемува од 15 на 20 деца во групи. 

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица. Предлог-мерките се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial