МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

НАРОДНА БАНКА ЈА РЕВИДИРАШЕ СТАПКАТА НА ИНФЛАЦИЈА ОД 1,5 НА 2,2 ПРОЦЕНТИ

Народна банка го објави кварталниот извештај со најновите макроекономски проекции. Она што најмногу ги загрижува граѓаните е стапката на инфлација предизвикана од се поголемото поскапување на храната и енергијата.

-Кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2% (1,5% во претходната проекција), при нагорни корекции кај надворешните влезни претпоставки во делот на цените на нафтата и храната. За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2%, информираа од централната банка.

Според објаснувањето на Народната банка нашата земја како увозно зависна во делот на храната и енергијата се очекува да ги почувствува последиците од поскапувањето на овие увозни елементи. На светските берзи се очекува пораст на цените на храната и особено на нафтата.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial