МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Министерот Бектеши најавува одлука за замрзнување на цените на брашното, шеќерот, оризот, маслото…

Ова го навестува во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, која ќе се емитува вечерва

Владата наскоро ќе ги замрзне продажните цени на основните прехранбени производи, пред сѐ  – брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото.

Ова го навестува министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, која ќе се емитува вечерва.

Ваква одлука на 30 ноември веќе донесе соседна Србија.

Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial