МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Меркел и Макрон лобираа кај Путин, ја сакаат Спутник

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон вчера имаа телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во врска со набавката на руската вакцина Спутник V за Европа.

Како што соопшти Кремљ, на телеконференцијата, рускиот, германскиот и францускиот лидер разговарале за можноста за регистрација на руската вакцина во ЕУ, испорака и заедничко производство во земјите на ЕУ.

„Разговаравме за иранската нуклеарна програма и конфликтите во источна Украина, Либија и Сирија“, се вели во соопштението, а Путин одговарал и на прашања за затворениот опозициски лидер Алексеј Навални.

Германската влада минатата недела потврди дека ќе биде отворена за употреба на Спутник V ако и кога неа ја одобри Европската агенција за лекови ЕМА. Минатите недели лидерите на германските сојузни држави што беа дел од ГДР изјавија дека се за користење на руската вакцина. Канцеларката Ангела Меркел порача дека Германија треба да ја користи секоја вакцина одобрена од ЕМА, пренесува Гардијан.

Франција сепак е попретпазлива, францускиот министер за надворешни работи Жан-Јис-Ле Дријан минатата недела ги обвини Русија и Кина дека користат вакцини за да го засилат своето влијание во меѓународните односи. За него Спутник V повеќе е „средство за пропаганда и агресивна дипломатија“ отколку солидарност и медицинска помош. Францускиот комесар Тери Бретон, шеф на работната група на ЕК за вакцини, посочи дека на ЕУ „апсолутно не ѝ е потребна Спутник V“. Русите го обвинија дека е пристрасен.

Во почетокот на март ЕМА почна со испитување на Спутник V. Тоа треба да биде првата незападна вакцина одобрена за употреба во ЕУ. Како дел од испитувањето, европските експерти треба наскоро да ја посетат Русија за да го разгледаат производствениот процес и резултатите од клиничките испитувања.

Русија ја одобри Спутник V за употреба во август, пред крајот на третата серија клинички испитувања. Резултатите од студијата објавена во престижното списание „Лансет“ покажуваат дека руската вакцина е безбедна, со ефикасност од над 90 проценти.

Москва објави дека сака до крајот на јуни да произведе 178 милиони дози Спутник V и две други вакцини.

Руската фармацевтска компанија Р-Фарм минатата недела објави дека очекува да почне со производство на Спутник V во својата фабрика во Баварија. Првата руска вакцина од Германија треба да биде достапна од јуни. Русите исто така преговараат со Франција и Шпанија да ја произведуваат својата вакцина и таму.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial