МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Лукашенко порача дека многу брзо ќе замине од функцијата претседател на Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко соопшти дека „многу брзо“ ќе ја напушти својата функција.

Немојте да нагаѓате кога ќе замине Лукашенко. Многу брзо“, кажа тој на прес-конференцијата „Голем разговор со претседателот“.

Белорускиот лидер наведе дека повеќе пати размислувал како ќе се развива ситуацијата, ако на негово место дојде друг човек, пренесуваат руските агенции.

„Тоа е најтешкото прашање (за наследникот“. Зошто е тешко? Би можел да одговорам со зборовите на мојот добар пријател и постар брат Владимир Путин: кого белорускиот народ избере тој и ќе биде претседател. Тоа е навистина така. За кого ќе гласа народот. Каков став ќе имам јас тогаш, сè уште не знам. Чесен збор. Мислам на тоа, што е природно. Ова не е вечна должност“, додаде Лукашенко.

Додаде дека 15-20 луѓе имаат потенцијал да седнат на местото претседател и дека по својата посветеност на Белорусија се слични на Лукашенко.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial