МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Костовски: Започна голема пролетна работна акција во Бутел

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Бутел од денеска ја реализираат големата пролетна работна акција на територија на општина Бутел.

Екипите координирано до 26.04 до 29.04 ќе спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетените коловози, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици.

На следниве локации ќе бидат поставени пунктови за собирање на кабаст отпад:
1. Скопје Север – кај Стокомак
2. Бутел 2 – на платото кај џамијата
3. Помеѓу прв и втор влез во Радишани
4. Спроти црквата Св.Јован кај трансформаторот во Бутел 1
5. Радишани кај поранешна Олимпија
6. Последна 57 Радишани
7. Визбегово веднаш до црквата

Во големата пролетна работна акција во општина Бутел на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Водовод и канализација и Улици и патишта.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fdarkokostovskizabutel%2Fposts%2F375804297894583&show_text=true&width=500

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial