МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

За три години, избирачкиот список намален за 10 илјади лица

За три години, избирачкиот список е намален за десет илјади избирачи. Од тие, речиси пет илјади се битолчани, потврди тамошната Општинска изборна комисија.

Право на глас на овие избори имаат 1.814.317 избирачи. Од нив, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување на казна затвор или се во притвор. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.

Во своите домови гласаат и 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.Денеска се гласа и во странство, каде гласаат 2.569 гласачи.

Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни, странски и меѓународни организации и медиуми. Издадени се акредитации за набљудување на 1601 лице, од кои 915 се домашни набљудувачи, а 544 меѓународни, како и на 58 странски новинари. Беше појаснет и начинот на снимање на избирачките места.

ДИК објави и упатство за гласање на граѓаните, во кое, во 18 точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места. Меѓу другото, се повторува и дека, може да се гласа и со истечени документи, како и дека се гласа со отпечаток од показалецот од десната рака на уредот за биометриска идентификација.Се укажува и на забраните за семејно и групно гласање, како и за гласање за друго лице, фотографирање на гласачкото ливче и носење на оружје на гласачкото место.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial