МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

За новиот автопат од Белград кон Бугарија ,,спонтано“ беа организирани 150 автобуси и трубачи

Пред два дена за време на свеченото пуштање во употреба на последната автопатска делница во должина од 86 километри од коридорот 10 на потегот Белград-граница со Бугарија, српскиот претседател Вучиќ и бугарскиот премиер Борисов, беа ,,поздравени“ од неколку илјадна публика, пишува српски ,,Данас“.

,,Публиката“ била довезена со 150 автобуси од повеќе градови и тоа од Ниш, Алексинац, Пирот, Бела Паланка, Лебане, Сурдулица, Пожаревац и други.

Меѓу насобраниот народ, новинарите забележал бројна администрација од локалните самоуправи, а организаторот на настанот не им дозволил доближување до местото каде биле паркирани автобусите и истоварени луѓето.

Во еден момент се појавиле трубачи кои ги донел претседателот на општина Пантелеј, Братимир Васиљевиќ и функционерот на нишката дирекција за јавен превоз, пишува Данас.

Вучиќ бил поздравен со громогласно аплаудирање и скандирање ,,Ацо Србине“.

Инаку, надвор од овој политичко-пропаганден декор, кој е редовна појава каде и да оди српскиот претседател, автопатската делница низ Србија од коридорот 10 е оценета како многу значајна за поврзување на Европа со азискиот континент.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial