МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи пред бизнис заедницата од општина Кисела Вода ги претстави новите пакет економски мерки за ревитализација на економијата

Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и претседателот на Советот на стопанственици од Кисела Вода, Борис Хрисафов, кој е главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД, на шесттата седница на Советот на стопанственици со бизнис заедницата од општина Кисела Вода дискутираа на теми кои можат да го подобрат нејзиното работење.

Заменикот на Претседателот на Владата, Фатмир Битиќи информираше за актуелната економска состојба во државата, за преземените мерки од страна на Владата, кои имаат за цел подобрување на бизнис климата. Битиќи детално информираше за новите пакет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на пандемија, за пакетот економски мерки кои се резултат на она што бизнис заедницата го истакнува како своја потреба.

Во своето излагање,  заменикот на Претседателот на Владата, посебно се задржа на поволните кредитни линии кои Владата ги обезбедува, како и на олеснување на процедурите до истите, наведувајќи го примерот за нова кредитна линија наменета за стопанството, а обезбедена од Владата преку Европската банка за обнова и развој. 

На состанокот, претставниците на бизнис секторот на нивните прашања ги добија сите потребни одговори, а имаа и можност пред заменикот на Претседателот на Владата, Фатмир Битиќи да даваат предлози за ублажување на економските последици кои се настанати поради пандемијата со вирусот Ковид 19.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи да соработува со бизнис заедницата, и воедно и благодари за опшествената одговорност, која досега ја има покажано во општината.

За одржувањето на седницата во дворот на компанијата Цементарница УСЈЕ АД, Општината упатува голема благодарност до нејзниот главен извршен директор, Борис Хрисафов

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial