МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Внатрешна контрола утврди пропусти кај 39 полицајци за случајот со Ивана Јовановска

Вкупно 39 припадници на Министерството за внатрешни работи постапиле погрешно по пријавите за семејно насилство кои досега биле поднесени против Стојанче Јовановски – сопругот на Ивана од Скопје која на почетокот на март годинава почина по пад од балкон со нивната шестгодишна ќерка Катја.

Известувањето од МВР за утврдените пропусти кај полициските службеници веќе е доставено до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања… 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР утврди пропусти во постапувањето на 39 полициски службеници кои постапувале по пријавите за семејно насилство. Одделот достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

Во меѓувреме, од ОЈО ГОКК информираа дека известувањето од МВР е доставено до Обвинителството во текот на вчерашниот ден, а ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. 

Во Кривичниот суд Скопје вчера почна судењето на сопругот на Ивана и татко на Катја – Стојанче Јовановски. Обвинетиот призна вина за делата нанесување телесна повреда и загрозување на безбедноста, но не и за кривичното дело „наведување на самоубиство“ кое му се става на товар. Судскиот процес го води судијата Ивица Стефановски, а следното рочиште е закажано за утре.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial