МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Албин Курти во самоизолација откако бил во контакт со лице заразено од Ковид-19

Информацијата преку својата страница на Фејсбук ја објави самиот Курти, наведувајќи дека станува збор за службеник од Министерството за евроинтеграции (МЕИ), кој, освен со него, имал контакти и со други вработени во Министерството и во премиерскиот кабинет.

Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти се наоѓа во самоизолација, поради тоа што имал контакт со владин службеник кој бил во тесен контакт со лице заразено од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата преку својата страница на Фејсбук ја објави самиот Курти, наведувајќи дека станува збор за службеник од Министерството за евроинтеграции (МЕИ), кој, освен со него, имал контакти и со други вработени во Министерството и во премиерскиот кабинет.

– Земени се примероци и ги очекуваме резултатите. Јас имав контакт со него, како и други вработени во МЕИ и премиерскиот кабинет, иако цело време со почитување на физичката дистанца. Од денеска сум во самоизолација во мојот стан сé додека не се објават резултатите од тестирањето на службеникот на МЕИ, информира Курти

Тој порача дека владата во оставка задачите ќе ги извршува од дистанца и ќе ги носи потребните одлуки „со истата одговорност” како и досега.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial