Џонсон повеќе не знае што зборува: Се споредил со Прометеј, па споменувал терминатори со виолетови очи
Британскиот премиер Борис Џонсон во говорот пред Генералното собрание на ОН на шега го споредил Брегзит со најстрашните маки кои, според грчката митологија, ги трпел Прометеј.
Џонсон
во помалку бизарниот говор зборувал за “терминаторите од иднината со
виолетови очи”, “застрашувачки пилиња без екстремитети” и “фрижидер кој
ќе свири барајќи уште сирење”.
Според грчката митологија, Зевс го казнил Прометеј бидејќи го украл огнот од боговите и им го дал на луѓето така што го приковал на Кавказ и пратил орел да му го јаде црниот дроб. Секогаш кога дробот на Прометеј ќе се регенерирал, орелот повторно го клукал.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: