МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Ќе биде ли блокирана амнестијата бидејќи не ги опфаќа осудените за 27ми април?

Министерот за правда утрово и лично ги посети затворениците во Идризово од каде ги повика пратениците да покажат хуманост и да го поддржат Законот за амнестија.

Според Лога овие снимки од мизерни и супстандардни услови, пренатрупаноста, затвореници кои спијат на под, без здравствена заштита и соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови, се доказ дека е потребна итна амнестија.

Слична порака Лога претходно испрати и преку Фејсбук од каде ги замоли политичките партии да го поддржат Законот за амнестија како хуманитарен чин во интерес на граѓаните.

Лога потенцира дека во изминатите три месеци до координаторите на пратеничките групи во Собрание испратил 5 барања за да го разгледаат предложеното законско решение и да дадат свои забелешки.

Обраќањето кон политичките партии преку Фб според Мицкоски е несериозно. Откако вчера најави дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе ги искористи сите демократски механизми за да го блокира овој закон, опозицискиот лидер вели дека за следните чекори партијата ќе решава откако детално ќе го разгледа Законот за амнестија.

– Несериозно министерот за правда да се обраќа преку Фејсбук за вакви работи. Не сме го разгледале доставениот Закон за амнестија, но некако овие фејсбукџии навикнаа да даваат и приложуваат закони за амнестија на криминалците, а многу малку водат сметка за оние луѓе во занданите на ДУИ и СДСМ поради тоа што имале патриотски чувства, вели Мицкоски

Премиерот Ковачевски пак повикува на дебата, наместо на блокада. Не ја исклучува можноста законското решение да претрпи и одредени измени во рамки на собраниската дебата.

– Ние како Влада ќе го разгледаме законот на една од наредните седнции и потоа ќе биде испратен до Собранието каде што сите пратенички групи ќе можат да го кажат своето мислење, но од блокирање само заради блокирање никој нема корист, рече премиерот.

Според Управата за извршување санкции со овој закон од затвор веднаш ќе излезат околу 250 лица со казни до 6 месеци, но законот ќе опфати многу поголема бројка на осуденици кои ќе добијат за 30 проценти намалени казни.

Амнестија ќе нема за сторители на 20-тина потешки кривични дела, за функционери и за лица кои се бараат со потерница. Законското решние ќе се најде на следната владина седница, по што по скратена постапка ќе биде испратено до Собранието.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial