МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Јавниот превоз во Луксембург станува бесплатен, освен возењето во прва класа

Од први март, локалниот јавен превоз во Луксембург ќе стане бесплатен и нема да бидат потребни билети за возење со автобуси или возови. Единствено ќе се плаќа за за возење во прва класа, со воз.

„Ова направи да изгледаме добро и има огромен придонес во имиџот и привлечноста на Луксембург“, вели либералниот премиер Ксавиер Бетел за бесплатниот транспорт.

Бесплатното патување во втората најмала земја на ЕУ во која има околу 600.000 жители, на површина од 2586 квадратни километри е само највидливиот дел од поголемите напори да решат проблемите во сообраќајот. Големиот економски раст, исто така, создава проблеми – не само во прегреаниот пазар на недвижности и домување, што однесе многу граѓани во соседните земји во потрага по прифатливи цени на становите.

За 20 години населението се зголеми за една третина, а половина од граѓаните се странци. Покрај тоа, околу 200.000 луѓе од Франција, Белгија и Германија доаѓаат секојдневно на работа во Луксембург: што е пораст од 140 проценти во однос на 2000 година. Метежот во сообраќајот е присутен постојано.

Властите велат дека не очекуваат дека многу возачи ќе се префрлат на јавниот превоз, само поради тоа што е бесплатен. Овој потег, велат, е само „шлаг на тортата на сеопфатна стратегија за транспорт“, која сака да го направи локалниот транспорт толку привлечен што луѓетоќе сакаат да го користат.

Автобускиот превоз досега беше бесплатен во сабота и други одредени денови. Властите исто така одлучија сите автобуси во земјата до крајот на годинава да бидат заменети со  електрични, со цел да се намали загадувањето на воздухот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial