Јавниот долг близу 60% од БДП

Владата во второто тримесечје го зголеми јавниот долг за една милијарда евра.
Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот и негарантираниот долг заклучно второто тримесечје од 2020 изнесува 59,5 отсто од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува зголемување за 8,8 процентни поени.
Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7 отсто од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.
„Заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%. Покачувањето на јавниот и државниот долг во вториот квартал се должат пред се на повлекувањата на средствата преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на КОВИД-19 кризата, обезбедување на средства за реализација на антикризните мерки и непречено извршување на буџетот и покрај кризата, односно покривање на зголемениот дефицит поради падот на приходите како резултат на КОВИД кризата“, информираат од Министерството за финансии.