МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Јавен повик од Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода со поддршка од бизнис заедницата од овој дел на градот, за влезовите на колективните станбени згради, обезбеди дезинфекциски средства и држачи за истите.

Ги повикуваме сите заинтересирани заедници на станари и управители на станбените згради, да се пријават на телефонскиот број 072 313-331 (сабота од 08:00 до 15:00 часот, а од понеделник од 08:30 до 16:30 часот) или на електронската адреса: contact@kiselavoda.gov.mk, каде што треба да остават точна адреса – улица и број, како и телефон за контакт, по што од понеделник, Општина Кисела Вода ќе пристапи кон нивно монтирање.

Потсетуваме дека, за колективни станбени згради се сметаат зградите со минимум осум станбени единици.

Овие мерки што ги презема Општина Кисела Вода се дел од Владините препораки во насока на превенција и заштита од вирусот КОВИД-19.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial