Нова страница за информации

Шпионската афера во Србија го принуди Вучиќ да закаже седница на Советот за национална безбедност

Beograd, 24. maja 2019. - Predsednik Republike Srbije Aleksandar Vucic primio je decu ucesnike Svesrpskog decjeg sabora. FOTO TANJUG/ SAVA RADOVANOVIC/ bg

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, претходно денес за српските медиуми изјави дека Војнобезбедносната агенција (ВБА) работи со можната шпионска афера.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за утре закажал седница на Советот за национална безбедност, дознава српски „Блиц“.

Седницата е закажана поради објавувањето на снимката на која може да се забележи како руски дипломат и припадник на воената разузнавачка служба Георгиј Клебан дава пари на висок српски службеник.

Денес, и Безбедносно-информативната агенција ја потврди автентичноста на снимката на која рускиот разузнавач Георгиј Клебан дава пари на еден српски офицер.

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, претходно денес за српските медиуми изјави дека Војнобезбедносната агенција (ВБА) работи со можната шпионска афера.

– Разговарав со претседателот Вучиќ, тој даде налог за ВБА случајот да го испита. Се уште ги немаме сите податоци, но доколку се е вистина, тоа ќе биде сериозно прашање и проблем за сите нас – изјави Брнабиќ.Прочитајте и…  Протоколот за НАТО помина во Комисијата на францускиот Парламент, се очекува утре и пленарна седница

На снимакта со рускиот разузнавач, може да се забележи дека другиот човек има чин на офицер. Видеото кои го пренесоа бројни медиуми во Србија и во регионот, меѓу кои и порталот на Радио Слободна Европа (РСЕ), исто така пренесоа мислења на ескперти дека снимката е автентична.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial