МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Шесте објекти на ЈДГ „Весели цветови“ спроведоа голема хуманитарна акција

По опожарувањето на семеен дом на детенце, кое во населбата Пинтија го посетува објектот„Ѓурѓица“, кој е во надлежност на Јавната детска градинка „Весели цветови“, истата со цел да му помогне на семејството спроведе голема хуманитарна акција, насловена „Помогни на другарче во невола“.

Вработените и родителите на дечињата, од сите објекти во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“, донираа прехранбени производи, облека, машина за перење, мебел за дневна соба и финансиски средства.

Општина Кисела Вода ја поздравува хуманитарната акција, и за истата упатува голема благодарност до родителите на дечињата и до вработените во ЈДГ „Весели цветови“.

Сите хумани граѓани и фирми, кои се во можност да му помогнат на семејството, со истото можат да контактираат на телефонскиот број: 078/719-426.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial