Цените на бензините не се менуваат, намалена е цената на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти согласно одлуката од 17 август додека намалување ќе има на малопродажнaта цена на мазутот М-1 НС за 0,323% и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,97%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг – 26,280 ден/кг. Од утре максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (ден./л.)
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 61,50 (ден./л.)
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00 (ден./л.)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 51,50 (ден./л.)
– Мазут М-1 НС 26,280 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 1,352%, намалување на дизелот за 0,365% и на екстра лесното масло за 0,708%, додека кај мазутот има зголемување за 0,361%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,654 %.
Oва се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25 август. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ со цени од 17 август се дадени во следната табела:
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,844 | 0,966 |
Австрија | 1,028 | 1,062 |
Бугарија | 0,933 | 0,923 |
Хрватска | 1,159 | 1,206 |
Германија | 1,083 | 1,287 |
Грција | 1,158 | 1,430 |
Италија | 1,285 | 1,398 |
Унгарија | 1,082 | 1,067 |
Словенија | 1,008 | 1,007 |