Хоти е загрижен по тестирањето на 10.000 ученици иако Косово бележи најмалку заболени во регионот (ВИДЕО)
Иако дневната статистика во Косово на новозаболените од вирусот ковид-19 сè уште има двоцифрен број премиерот Авдулах Хоти е сериозно загрижен. Тој денес изјави дека во последните две недели, бројот на заболени од коронавирус во Косово се зголемува и покрај тоа што прагот од 50 случаи на 100 илјади жители сè уште не е надминат. Тоа е прагот што се разгледува дали некоја земја се вбројува како земја од висок ризик во однос на епидемиолошката состојба.
Според резултатите објавени од Косовскиот национален институт за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 80 новозаболени пациенти од вирусот ковид-19, 1 смртен случај, додека 55 пациенти оздравеле. Извршени се 650 тестирања.
Премиерот Хоти најави дека ќе се преземат екстремни мерки во следните 2-3 недели во случај бројот на случаи да продолжи да се зголемува.
Тој објави дека околу 10 илјади ученици и наставници во училиштата, а процентот на оние кои биле позитивни на тестот е 5 проценти. Косовскиот премиер рече дека училиштата во Косово се добар пример за тоа како се почитуваат мерките. Сепак овие резултати се загрижувачки за Хоти. Тој како главни виновници за зголемувањето на новозаболените од вирусот ковид-19 ги посочи угостителите и јавните институции.Прочитајте и… Лајчак: Го ценам интересот на Вашингтон, но дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да го води ЕУ
„Зголемените случаи доаѓаат од гастрономијата и јавните институции. Неприфатливо е нституциите да не се грижат за почитување на мерките. Не можеме да дозволиме поради неодговорност на лице или институција да се преземаат присилни мерки. Денес ги поканивме сите инспекторати и се согласивме да станеме работни групи на санитарниот инспекторат и со поддршка на косовската полиција ќе бидеме задолжени за следење на спроведувањето на мерките. Мораме да се навикнеме да живееме со оваа пандемија некое време“, рече премиерот Хоти.
Шефот на извршната власт рече дека инспекторите го информирале дека вработените во аптеките, пекарите и маркетите не ја почитуваат одлуката за носење маска за време на работното време.
„Со загриженост ја прифатив информацијата дека има многу случаи кои ги идентификува полицијата и инспекторите во аптеките, пекарите и маркетите кои служат без маски или носителите на институции кога не ги почитуваат мерките, ова е неподносливо. Не можеме да толерираме дека поради неодговорност на правен субјект или институција, да преземеме засилени мерки што ќе се одразат на сите нас, без исклучок. Ние ги поминавме тие мерки 3-4 месеци, тие го чинеа секое семејство“, рече Хоти.Прочитајте и… Конфликт во Нагорно-Карабах: Азербејџан тврди дека уништил лансирни рампи за ракети во Ерменија
Хоти најави и дека ќе бидат формирани работни групи од сите инспекторати кои ќе го надгледуваат спроведувањето на мерките во сите општини.
„Ние мора да сториме сè за да не одиме во ситуацијата што не принудува да преземеме мерки. Се согласивме да направиме работни групи на санитарни, фармацевтски, пазарни и општински инспекторати во две смени, бидејќи од денес работат дополнителни 75 инспектори, со поддршка на косовската полиција, кои ќе бидат надлежни за надзор над спроведувањето на мерките во секоја просторија „во секој бизнис и во јавните институции“, изјави Хоти.
Тој е недвосмислен дека граѓаните, институциите и бизнисите мора да научат да живеат со оваа пандемија. Во спротивно, економијата и семејствата нема да можат да ги издржат последиците, веи Хоти.
За разлика од земјите од регионот па дури од Северна Македонија, од почетокот на пандемијата властите во Косово воведоа ригорозни мерки со кои сè уште го ограничуваат движењето и групирањето на граѓаните. Иако од март до сега во Косово се сменија две влади кои рестрикциите за слобода на движењето на граѓаните прво ги ограничија според бројот на личните карти.Прочитајте и… Вакцината за ковид-19 ќе си ја платиме сами од буџетот, први ќе се „боцнат“ лекарите
Владата на Албин Курти пандемијата ја менаџираше со мерка според која секој граѓанин можеше излезе од дома по два часа во денот според распоред утврден по последните броеви од личните карти. Владата на Хоти воведе рестриктивни мерки кои се многу полесни. Косовците можат да се движат надвор од своите домови до 22 часот.
Косовскиот министерот за здравство, Арменд Земај, вчера најави дека во угостителските локали каде што ќе се одржуваат свадби и други семејни собири, ќе има затворање без предупредување.
Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, Земај рече дека угостителските објекти може да работат дури и во затворен простор, но од суштинско значење е растојанието помеѓу масите, хигиената и носењето маски од страна на персоналот и клиентите.
Косовската полиција пред 3 дена прекина неколку свадби и затвори еден угостителски локал за непочитување на мерките против коронавирусот.