Франција мобилизираше 100.000 полицајци за спроведување на блокадата поради коронавирусот (ВИДЕО)
Франција ќе распореди 100.000 полицајци на фиксни контролни пунктови низ земјата за да ја спроведат наредбата на претседателот Емануел Макрон за двонеделна блокада на земјата, најновата драматична мерка со цел сопирање на пандемијата на коронавирусот.
Секој што ќе биде фатен како ги прекршува строгите ограничвања „ќе мора да ја оправда причината за своето движење“ или ќе се соочи со законска казна до 135 евра, изјави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
„Некои исклучоци може да се толерираат“, кажа тој, додавајќи: „за патување меѓу дома и работа, за купување, од здравствени причини, за помош на ранливи категории луѓе, за родителите или за кратки патувања“.
Пешаците и возачите ќе треба да побараат дозволи за движење, кои ќе им бидат покажувани на полицајците на контролните пунктови низ Франција. Министерот истакна дека само полицајци и жандарми, а не и војници, ќе ги спроведуваат рестрикциите.
Претседателот Макрон ѝ објави „војна“ на пендемијата во своето обраќање до нацијата синоќа, наредувајќи им на сите граѓани да останат дома во текот на националната блокада која почна денес. Франција ги затвори границите кон соседните земји.