Нова страница за информации

Уапсен напаѓачот кој со нож повреди 4 луѓе во близина на поранешното седиште на “Шарли Ебдо”

Четири лица се ранети во напад со нож во близина на поранешните канцеларии на сатиричниот магазин “Шарли Ебдо” во Париз а едно лице е уапсено, соопшти француската полиција.

Според официјалните информации, иако полицијата првично мислела дека нападот го извеле двајца напаѓачи, сега веруваат дека едно лице е одговорно, кој бил приведен во близина на плоштадот Бастилја, во источен Париз.

Мотивот за нападот засега не е јасен, ниту пак дали е поврзан со работата на “Шарли Ебдо”, чие седиште сега е на тајна локација, по исламистичкиот напад од 2015-тата година, во кој беа убиени 12 луѓе.

Во друг дел од главниот град на Франција, деновиве во тек е и судски процес против 14 лица, осомничени за учество во подготовката на крвопролевањето кое ја шокираше Франција и целиот демократски свет.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial