МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Турција се закани со војна ако Грција ги прошири територијалните води

Можното грчко проширување на територијалните води долж морската граница кон Турција би било причина за војна, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

„Нема да дозволиме Грција да ги прошири своите територијални води во Егејско Море на 12 милји“, рекол Чавушоглу.

Ова предупредување следи откако грчкиот премиер Киријакос Мицотакис минатата недела објави дека грчките територијални води во Јонското Море, кон Италија, ќе бидат проширени од шест на 12 милји.

И Турција и Грција имаат шест милји територијални води во Егејското Море, каде се наоаѓаат голем број грчки острови недалеку од турскиот брег.

Грција и Турција, членки на НАТО, последниве денови се спорат околу турските планови за истражувања во источното Средоземје, за кое се верува дека е богато со нафта и гас.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial