Нова страница за информации

Турција го зајакнува военото присуство во Северна Африка среде конфликтот со Грција

Анкара постепено го зголемува своето воено присуство во Северна Африка. Додека ги зголемува своите сили во Либија, Анкара се согласи за отворање турска воена база во Нигер, велат извори запознаени со ситуацијата за „Известија“.

Ова се случува во ек на влошувањето на турскиот конфликт со Атина како резултат на почетокот на геолошките истражувања на спорната локација. Експертите веруваат дека вооружен конфликт со Грција е малку веројатен, но Турција ја користи Либија за зајакнување на своето влијание низ Источниот Медитеран.

Турција и Грција не се согласуваат околу експлоатацијата на ресурсите во регионот. Спорот ескалираше неодамна кога Турција го испрати истражувачкиот брод „Оруч Реис“, придружуван од морнарицата во близина на грчкиот остров Кастелоризо.

Турција сега е најдинамична сила во регионот, промовирајќи ги своите интереси активно, цврсто и систематски, не обрнувајќи внимание на интересите на другите земји“, вели истражувачот  од Институтот за ориентални студии на Руската академија на науките, Борис Долгов.

„Анкара значително го зголеми своето влијание во Либија, во Сирија во регионот Идлиб и во целиот регион. Турците имаат воени бази во Катар. Ердоган постојано водеше политика со цел Турција да ја направи не само регионален центар на моќ, туку и да ја зајакне на глобално ниво. Ова секако ја влошува ситуацијата во Источниот Медитеран“, додаде експертот.

Како и да е, Долгов не очекува воен судир меѓу Турција со Грција и Кипар. Но, може да има судири меѓу Турција и арапските земји. Можеби во форма на влошување на граѓанската војна во Сирија и вклучување на други страни во неа, пред сè Египет.

„Колку далеку ќе оди Ердоган, зависи од тоа како другите земји ќе му се спротивстават: Египет, Обединетите Арапски Емирати, Грција и, можеби и Франција“, рече Долгов.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial