МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан.

Честитајќи му за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека именувањето на специјален претставник за Западен Балкан од страна на премиерот Борис Џонсон е јасна потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Во разговорот, беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици во регионот, како и за штетните последици од високата корупција и организираниот криминал врз економскиот и демократскиот развој на регионот.

Специјалниот претставник Пич најави скорешна посета на Република Северна Македонија.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial