МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Судот во Стразбург пресуди во корист на исклучените од парно, ќе бараат обесштетување од државата

Пресудата во Стразбур е потврда дека исклучените граѓани од системот за парно греење се во право. Од здружението „Но Пасаран“ им порачаа на сите фамилии кои имаат добиено негативна одлука од судовите во земјава, да бараат повторување на судскиот процес. Дополнително, од здружението велат дека и од државната каса на секое семејство кое го имаше овој проблем, ќе му следува до три илјади евра обештетување. Секој петок во 11 часот најавија  протести пред Основниот граѓански суд два и пред Апелација.

„Тоа значи дека 50 илјади фамилии во Скопје се ограбени. Почнувајќи од БЕГ, од оваа Регулаторна комисија за енергетика, па сè со помош на нотари и судии и извршители“, рече Маријан Ненов, Организација „Но пасаран“.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека не им е јасно зошто граѓаните ги гледаат како непријател. Претседателот Марко Билслимовски вели дека правилниците за топлинска енергија ги правеле заеднички со здружението и регулаторна решила граѓаните кои се исклучиле повеќе да немаат обврска да плаќаат паушални сметки за парно греење.

„Со правилата кои сме ги донеле во април и кои ги допрецизиравме во јули, оваа категорија на граѓани биле заштитени со тоа што нема да имаат повеќе обврска да го плаќаат фиксниот надоместок“, изјави Марко Бислимовски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Сепак, околу 200 предмети веќе се во процедура во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. Исклучените од парно греење во Скопје цели пет години протестираа секоја сабота бидејќи не се согласуваа да плаќаат паушални сметки за наводно добивање топлина од ѕидовите и од цевките кои продолжувале кон нивните соседи.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial