МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Сто и три полицајци во изолација, 14 од нив позитивни на ковид-19

Вкупно 14 полицајци до сега се заразени со коронавирусот, а на 103 им се издадени решенија и се ставени во самоизолација.

Седуммина од заразените се дел од оние кои од 8-ми до 14-мај престојуале во одморалиштето на МВР во Охрид, кое во моментов е најдвор од функција.

 “ Седум се од ЕБР , 1 од ЕСЗ исто така имаме припадници од СВР Скопје, СВР Тетово, кои се позитивни. За среќа немаме лица кои се со потешки симптоми, поголем дел од лицата се асимптоматски не покажуваат ниакви знаци на болеста, но имаме и неколку кои се со полесна слика односно температура и слични симптоми. “ вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Од МВР велат дека во моментов имаат доволен број на превентивна опрема и аперлираат полициските службеници да ја користат за да се заштитат себе и своите најблиски. Бидејќи полицајците се едни од најизложените и даваат голем придонес во справувањето со пандемијата министерот за внатрешни Наќе Чулев пред два дена достави уредба со која се предвидува награда од 15 000 денари линеарно и еднократно за секој од нив. Ова барање на Чулев премиерот Оливер Спасовски денеска го оцени како гол популизам. Вели дека првиот човек на полицијата претходно при правењето на ребелансот самиот понудил кратење на буџетот на МВР од 88 милиони денари.

Министерот Чулев, и денеска од Струмица изјави дека 15 илјади денари не е голема сума , но многу ќе значи за полициските службеници. Тој смета декасмета дека тоа не е само награда, туку и мотивација за полициските службеници бидејќи кризата ќе продлжи до крајот на годината.

Предлогот за награда од 15 илјади денари наиде на поддршка од Синдикатот на полицијата на Македонија.

„ Полициските службеници сметам дека заслужуваат многу повеќе од предвидените 15 илјади денари, сметам дека се многу малце, но сигурно ќе оставеа трага за секојдневниот ризик кој го презeмаа. Сметам дека ќе смогнат сили за симболична награда од 15 илјади денари, која сметам дека е малце, но на денешната владина седница ќе донесеат одлука со која барем ќе ја вратат насмевката кај секој вработен во полицијата да се чувствува дека е вреднуван како што и самиот заслужува. “изјави  Орце Коцевски – Претседател на Синдикатот на полицијата на Македонија.

Со реакција се огласи и Македонскиот полициски синдикат од каде велат дека сумата од 15 илјади денари е потценувачка и барат министерот на вработените во МВР да им се исплати парична награда во висина од најмалку 25.000 денари.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial