Ставовите на Вархеи не се ставови на ЕУ, ЕК не сака раздвојување на С.Македонија и Албанија?!
Ставовите на Оливер Вархеи не се ставови на Европската унија. Изјавите на еврокомесарот за проширување дека Македонија и Албанија ќе бидат раздвоени, доколку Скопје не најде решение со Софија, предизвикаа реакции.
Иако се уште нема официјален став од Урсула фон дер Лајен, сепак порталот „Политико“, но и дописникот од Брисел на „Ворлдстрит Журнал“ пренесуваат ставови на високи членови на ЕК кои велат дека нема да има раздвојување на Македонија и Албанија.
„Не подготвуваме раздвојување. Напротив, Комисијата поддржува брзо отворање на преговорите со двете земји“, се вели во одговорот на ЕК за порталот Политико.
Но, портпаролката на Европската Комисија за проширување, Ана Писонеро, потврди дека изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји за одвојување на Скопје и Тирана е можно сценарио.
„Позицијата на Европската Комисија е многу јасна и не е сменета. Сакаме да видиме Меѓувладини конференции со двете земји, двете ги исполнуваат условите за ова. Секако да биде ова можно да се слуќи Советот треба да даде согласност за преговарачките рамки, во моментов таму се наоѓаме“, изјави портпаролката на ЕК за проширување, Ана Писонеро.
Вакво нешто најави еврокомесарот за проширување кога ги донесе вакцините во Скопје.
„Овој процес се заснова на заслуги. Ако ги погледнеме постигнувањата на Албанија, ќе видиме дека се исполнети сите услови. Така што, ако нема договор во врска со Северна Македонија, можеби ќе дојде моментот кога ние би требало да ја земеме предвид и таа опција“, посочи еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.
Премиерот Заев се надева дека ќе успеат европскиот дел со Бугарија да го средат, но сепак индиректно смета дека раздвојување на Северна Македонија и Албанија би било голема грешка.
„Мислам дека Европа е исправена пред сериозен одговор дали ќе направи декаплинг или не. Какви европски вредности какви пораки испраќа и према граѓаните на С.МАкедониј, но и према Западен Балкан“, истакна премиерот Зоран Заев.
Дали раздвојувањето е реално сценарио, или не, веројатно ќе се знае во понеделник за кога според информациите ќе има средба помеѓу претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и премиерот Зоран Заев.
