Спасовски: Одговорите за недостаток на пасоши барајте ги кај Чулев

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, кој до неодамна беше прв човек во Министерството за внатрешни работи, денеска не даде конкретен одговор на прашањето – зошто навреме не се нарачале потребните пасошки обрасци, заради што МВР деновиве се соочува со проблем при издавање на нови патни исправи.
„Да бев на местото, таму каде што бев ќе ги одговорев сите овие прашања, сега мислам дека е неблагодарно јас да одговорам зошто не е направено во МВР. Има министер, нека одговори зошто не е направено“, рече Спасовски.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: