Нова страница за информации

Следната година ќе биде пуштен регистарот на вистински сопственици

Од следната година ќе биде пуштен во употреба регистарот на вистински сопственици, којшто ќе покажува каде некој има сопственост, удел и колкав е тој удел,  соопшти на денешниот брифинг со новинарите, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски. Во тек е негова имплементација и финални чекори кон привршување на софтверското решение и негова интеграција на страницата на Централниот регистар. До средината на следниот месец се очекува да биде готова демо-верзијата на регистарот, додека со стартувањето на регистерот ќе започне законскиот рок од три месеци субјектите да ги пополнат потребните податоци.

Кон крајот на првиот квартал на 2020 ќе биде пуштен во употреба новиот официјален портал на Централен регистар на Република Северна Македонија, кој ќе биде сервисен модел, лесно достапен за употреба и за професионалните групи, но и за пошироката јавност.

Со пуштање во  употреба на новиот портал, ќе биде имплементиран проектот на отворено владино партнерство, преку кој поголем број податоци ќе бидат отворени за јавноста. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial