Нова страница за информации

СЗО за насилството врз жените: Ковид ја отежнува и онака драматичната состојба

Една третина од жените во светот се жртви на физичко, особено сексуално насилство, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО), а пандемијата само ја влошува ситуацијата. Околу 736 милиони девојки и жени постари од 15 години претрпеле напад, најчесто од партнерите истакнува СЗО во новиот извештај објавен ден по Меѓународниот ден на жената.

– Насилството врз жените е ендемско зло во сите земји и сите култури и им штети на милиони жени и нивните семејства, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Иако досега нема цврсти докази, негативното влијание на пандемијата која трае до една година е јасно, принудувајќи стотици милиони луѓе да останат дома и предизвика светска економска криза, изјави д-р Клаудија Гарсија-Морено, коавторка на извештајот.

– Знаеме дека ситуацијата на многу жени се влоши, рече таа и откри дека 641 милиони жени, или 26 проценти од сите над 15-годишна возраст, биле жртви на насилство од партнерот.

Покрај тоа, финансиските тешкотии и стресот како резултат на децата дома и други проблеми поврзани со пандемијата може да предизвикаат ново насилство, додаде таа.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial