МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ ДЕБАТИТЕ ОКОЛУ МОЖНОСТА ЗА ОНЛАЈН ЗАСЕДАВАЊЕ НА СОБРАНИЕТО

Собранието сериозно да ја разгледа можноста за работа, следење и гласање на седниците преку он лајн препорачуваат премиерот Заев и министерот за здравство  Филипче.

Државниот врв го вклучи алармот откако веќе во јавноста излегоа информации дека во собранието има неколку пратеници кои се позитивни на Ковид 19. Препорачуваат и законодавниот дом да го следи примерот на владините седници за работа кои на овој начин се достапни и до јавноста и медиумите.

И од ДУИ денеска со соопштение го потврдија веќе познатиот став по однос на тоа дека деловникот мора да прецизира што се подразбира под присуство на пратениците посочувајќи 

„Во сегашната регулатива на Собранието стои зборот ‘присуство’. ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од КОВИД-19, да не ги натераме да преку посебен третман доаѓаат во седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси“, се вели во партиското соопштение. 

ВМРО-ДПМНЕ пак и натаму остануваат на ставот дека воведувањето на он лајн седници не само што се коси со деловникот туку и со уставот, и велат на краток рок ова може да значи политичка криза додека на долг рок правна. Ваквиот став го изнесоа и по вчерашната кординација со собранискиот спикер Џафери на која не се постигна консензус за работа на собранието преку он лајн седници и нивно следење. 

Од албанскиот опозициски блок пак велат дека најдобар начин за да не биде закочена работата на Собранието при носењето на важни законски решенија е власта да ги прифаќа нивните амандмани, а тие да даваат подршка при гласањето .

Според последните информации од собраниските служби позитивни на Ковид 19 се тројца пратеници

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial