МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Се гради ново основно училиште во Визбегово

Жителите на населеното место Визбегово наскоро ќе добијат ново општинско основно училиште.

– Конечно на повидок е решение на долгогодишниот проблем со потребата од ново основно училиште кој го имаат жителите на населеното место Визбегово. Направивме увид во градежните активности во новото општинско основно училиште во населеното место Визбегово. Динамиката со која се одвиваат градежните активности е според зацртаното и предвиденото – истакна градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

Како што информира Костовски, договорот за изведување на градежните работи за изградба на објектот е во висина од 106.590.812,00 денари со вклучен ДДВ , а рокот за реализација на договорот се предвидува да биде 18 месеци. Вкупната површина на градежната парцела е 12.029 м2.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial