МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Руската војска го премина Еуфрат кон границата на Турција и Сирија

Turkish army tanks take up position on the Turkish-Syrian border near the southeastern town of Suruc in Sanliurfa province September 29, 2014. Turkish tanks and armoured vehicles took up positions on hills overlooking the besieged Syrian border town of Kobani on Monday as shelling by Islamic State insurgents intensified and stray fire hit Turkish soil, a Reuters correspondent said. At least 30 tanks and armoured vehicles, some with their guns pointed towards Syrian territory, were positioned near a Turkish military base just northwest of Kobani. Plumes of smoke rose up as shells hit the eastern and western sides of Kobani and sporadic bursts of machinegun fire rang out. REUTERS/Murad Sezer (TURKEY - Tags: POLITICS CONFLICT MILITARY TPX IMAGES OF THE DAY)

Руската војска денеска ја помина реката Еуфрат во Сирија во правец кон турската граница , како дел од турско- рускиот договор за повлекување на курдските сили , соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Денес (среда) во 12 часот (Централноевропско време), руската воена полиција го премина Еуфрат во правец кон сириско-турската граница“, соопштија од Министерството.

Руската воена полиција ќе помогне во повлекувањето на Националните одбранбени сили (ППР, курдските борци) и во нивното разоружување во длабочина од 30 км во голем дел од северо-источниот дел на Сирија по должината на границата со Турција, се додава во соопштението.

Врз основа на договорот потпишан вчера од Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, Русите и Турците ќе патролираат во наредните 150 часа по 11 часот денеска по средноевропско време.

Руското Министерство за одбрана објави и карта на северо-источна Сирија, означувајќи ги локациите на 15 сириски гранични пунктови.

Според руската новинска агенција Риа Новости, припадниците на силите испратени од Москва се сретнале со водачите на курдскиот град Кобане, симбол на отпорот кон групата Исламска држава. Според руско-турскиот договор, Турција сепак ја задржа контролата врз друга област на северо-исток, долга 120 километри, во која нејзината армија е веќе присутна. Турската војска  го зазеде овој терен во офанзивата против ПГК, што започна на 9 октомври.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial