МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Рохани потпиша: Пентагон е на листата терористички организации

Иранскиот претседател Хасан Рохани потпиша амандман на законот со кој го вклучи Пентагон на листата терористички организации, јави агенцијата Тасним.

Во прашање е амандман на законот усвоен во Иран во април минатата година, а со кој на листата терористички организации се наведува и Централна команда на САД и Министерството за одбрана на САД.

На таа листа сега се вклучени и сите вработени во Пентагон и сродните институции, пренесува Тасс.

Иранскиот парламент во вторникот ја прогласи американската војска за „терористичка организација“ како одговор на атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак.

На истата седница парламентот одобри проширен буџет за единицата Кудс, специјална единица на Револуционерната гарда, на чие чело бил Сулејмани.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial