МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Регулаторна ја зголемува цената на бензините

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во земјава ги поскапува бензините

РКЕ донесе најнова одлука за малопродажните цени на нафтените дервита во нашата земја, а според истата, од вечерва на полноќ ќе поскапат бензините, додека цената на дизелот не се менува. Според најновата одлука, се бележи зголемување на цената во просек од 0,83 проценти во однос на цените кои беа донесени со одлуката од минатата недела.

Според ова, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за половина денар по литар гориво. Со ова, од вечерва на полноќ ќе точиме Еуросупер БС-95 по цена од 58,50 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари по наточено литар гориво.

Цената на Еуродизел останува 49,50 денари согласно одлуката од минатата недела.

Од Регулаторна истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,421%, а кај дизелот зголемување во просек за околу 1,816%.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial