МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Регулаторна: Ако компаниите се откажат, можеме да ја повлечеме одлуката за струјата

Цената на струјата веднаш ќе се корЕгира доколку енергетските компании ги сменат своите финансиски планови, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика. За Бислимовски е разбирлив гневот на потрошувачите, кои револтот почнаа да го искажуваат преку протести. Но, за да се намали цената на електричната енергија, потребно е енергетските компании да се откажат од планираните инвестиции.

Од ЕВН велат дека нивните пресметки на трошоци се реални, валидни и на време поднесени, а освен тоа кај новоутврдените тарифи од Регулаторната комисија вкупната цена на ЕВН Македонија е намалена.

Од МЕПСО до овој момент не добивме одговор на прашањето дали МЕПСО ќе ја ревидира пресметката, со цел потрошувачите да не плаќаат поскапа струја.

Согласно новиот Закон за енергетика и либерализацијата на пазарот, од 1 јули минатата година, Регулаторна повеќе не ја одредува цената на ЕЛЕМ, бидејќи компанијата сега е на слободниот пазар и струјата преку тендерски постапки ја продава на ЕВН.

Експертите велат дека државните енергетски компании се превработени, па сметаат дека намалување на бројот на вработени и трошењето на добивката од претходниот период се можните решенија за зачувување на рентабилноста, наместо граѓаните да плаќаат поскапа струја.

Регулаторот, пак, тврди дека новите вработувања не се земени предвид при формирање на новата цена.

Со цел новата цена на струјата да не го оштети џебот на потрошувачите, Регулаторна побара пратениците да го намалат ДДВ-то за тој енергенс од 18% на 5%.

Но, на граѓаните не им се чека. Нудат рок од 10 работни дена за да се повлече одлуката за поскапување на струјата од 7,4%, а потоа бараат и дополнително да се намали за уште 20%. Незадоволни се и од тоа како функционира пазарот на електрична енергија, па бараат да се укине Регулаторната комисија за енергетика, а да се формира независно арбитражно тело кое ќе ја контролира услугата, што потрошувачите ја добиваат од енергетските компании.
Ако надлежните не покажат интерес за нивните барања, најавуваат блокади на патишта.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial