Нова страница за информации

ПУТИН ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА РУСИЈА ЈА ЧЕКААТ ТЕШКИ НЕДЕЛИ ВО БОРБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

SAINT PETERSBURG, RUSSIA - MARCH 16: (RUSSIA OUT) Russian President Vladimir Putin gestures during his meeting with health workers at the Almazov Medical National Research Centre on March 16, 2018 in Saint Petersburg, Russia. The 2018 Russian Presidential Elections will take place on March 18. (Photo by Mikhail Svetlov/Getty Images)

Владимир Путин предупреди на сложени и вонредни сценарија во Русија поради пандемијата на коронавирусот, откако во земјата вчера биле регистрирани 2.558 новозаразени, што е најголема бројка во еден ден досега. Московските власти најавија дополнително заострување на мерките во градот.

„Ситуацијата се менува секој ден и, за жал, не на подобро. Следните неколку недели ќе бидат клучни за Русија. Дефинитивно не смееме да се опуштиме“, изјави Путин.

Бројот на заразени во Русија порасна на 18.328, од кои 148 починале.

„Мора да ги разгледаме сите сценарија за тоа како ситуацијата би можела да се развива, дури и оние најсложени и вонредни“, кажа Путин.

Предупредувањата на Путин следуваат додека бројката заразени на светско ниво се ближи кон два милиона, но се верува дека таа е далеку повисока. Претседателот Александер Лукашенко и натаму тврди дека во Белорусија има нула случаи на зараза.

Минатата недела, Кина ги затвори преостанатите копнени гранични премини со Русија, најавувајќи дека таа е следната земја која ќе биде сериозно погодена од пандемијата.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial