Путин и во сибирската тајга го носел нуклеарниот куфер
Сите потребни средства за комуникација секогаш се наоѓаат кај рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
„Сите потребни средства за комуникација, вклучувајќи ги стратегиските, се постојано кај Путин, каде и да се наоѓа, на територијата на Руската Федерација или во друга држава“, одговори Песков на прашањето на новинарите дали Путин за време на одборот во сибирската тајга минатиот викенд го носел и нуклеарниот куфер.
Претседателот на Русија викендот го мина во сибирската тајга во друштво на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: