Путин: Западот не може да ја изолира Русија ниту да ја врати во минатото
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е невозможно да се отсече Русија од остатокот на светот и дека санкциите што западните земји ѝ ги воведоа на Русија нема да го вратат времето назад кога станува збор за развојот на Русија.
Откако Русија испрати војници во Украина на 24 февруари, земјата беше погодена од серија западни санкции кои имаат за цел да ја изолираат од глобалната економија. Санкциите ѝ оневозможија на Русија пристап до различни стоки, вклучувајќи електроника, полупроводници и делови за изградба на авиони.
„Не станува збор само за рестрикции и санкции, туку против нашата земја намерно се користи и речиси целосно се оневозможува пристап до високотехнолошки странски производи “, рече претседателот Путин, обраќајќи им се на владините претставници преку видео-конференција.
„Јасно е дека ова е голем предизвик за нашата земја, но нема да се откажеме и нема да дозволиме да се случи општ распад, како што ни предвидуваат некои „добронамерници“. И нема да се вратиме неколку децении наназад, сигурно нема“, рече тој.
Путин рече и дека Русија ќе мора да развие сопствена домашна технологија, како и технолошки компании. Министерот за финансии Антон Силванов рече дека приоритет е поддршката на рускиот технолошки сектор, но и дека секоја рубља државна поддршка треба да биде проследена со најмалку три рубљи приватни инвестиции.